НБРМ: Потреба од ажурирање на податоците на граѓаните во банкарскиот сектор

Bez autora
Feb 08 2023

Комерцијалните банки, во согласност со постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, Законот за заштита на личните податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите.

Во современи услови на сè позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, во согласност со законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги, соопштија од НБРМ.

Банките, како што појаснуваат од таму, треба да го потврдат идентитетот на клиентот или вистинскиот сопственик при воспоставувањето на деловниот однос. Секоја банка со интерен акт ја определува фреквенцијата на ажурирање на документите и податоците потребни за следење на деловниот однос со клиентите. При промена на некои од личните податоци (адреса, нова лична карта и сл.) клиентот е должен соодветно да ја извести и банката чии услуги ги користи.

„Банките треба да ги информираат граѓаните за наједноставниот, најлесен и најбрз начин на кој може да ги ажурираат своите лични податоци, како и колку често треба да врши ажурирање на личните податоци кај банката (дури и тогаш кога нема промена на податоците). Во некои банки постои можност ажурирањето на податоците да се врши по електронски пат, без доаѓање на шалтер во банките“, се дополнува во информацијата.

Оценуваат дека изнаоѓањето начини за известување за новините во регулативата, како и редовната комуникација со клиентите за сите аспекти при користењето на услугите од банкарскиот сектор, придонесува кон зголемување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор, а со тоа се намалува просторот за шпекулации и дезинформации, кои може да ја нарушат стабилноста на банкарскиот систем.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik